Мајсторска акција на Франција: Мбапе го матира Шмајхел (ВИДЕО)

Француската репрезентација конечно стигна до гол во 61. минута кога Килијан Мбапе го матира голманот на Данска, Каспер Шмајхел.

Мбапе и Ернандез создадоа одлична акција, а прво напаѓачот додаде до неговиот колега, кој потоа успешно му ја врати топката за ѕвездата на ПСЖ без мака да ја смести во мрежата на Данска.

Ова воедно беше 30. гол за младиот француски напаѓач во националниот дрес.