Мајсторија од половина терен на Доријан Бабунски (ВИДЕО)

Доријан Бабунски постигнува гол за Мачида на втор натпревар по ред. Овој пат реализираше на мајсторски начин речиси од половина терен за да ја запечати победата на својот тим од 2-0 на гостувањето кај Ехиме. 

Бабунски влезе во игра во 80-тата минута, кога резултатот беше 0-0, а Накашима шест минути подоцна погоди за 0-1. Во последната минута од натпреварот, кога домашниот тим тргна со сите сили по израмнувачки гол, Бабунски го искористи фактот дека голманот беше истрчан од гол-линијата и со фантастичен лоб успеа да реализира за 0-2.

Бабунски значително ја подобри формата во финишот од сезоната во Втората јапонска лига и веќе седми натпревар по ред влегува од клупата и втор по ред ја тресе противничката мрежа. Мачида е во игра за влез во елитната јапонска лига, бидејќи моментално се наоѓа на третото место. 

За нашиот голгетер ова беше вкупно трет погодок сезонава.