Мајсторија од 25 метри: На првиот меч во МЛС падна и – голот на сезоната (ВИДЕО)

На отворањето на новото првенство во американската фудбалска МЛС-лига беше постигнат спектакуларен погодок, кој дефинитивно ќе влезе во конкуренција за - гол на сезоната.

Првиот меч беше помеѓу Сиетл и Минесота, на кој во центарот на вниманието се најде Жоао Пауло, кој од речиси 25 метри, со волеј, ја смести топката во противничката мрежа.

Тоа беше реализација за водство на екипата на Сиетл, која на крајот славеше со убедливи 4-0.