Уругвај води со 2-0 и граби кон првото место во групата А (ВИДЕО)

Уругвај веќе поведе со 2-0 против Русија во дуел од групата А на Светското првенство. 

Стрелец на првиот гол за Јужноамериканците беше Луис Суарез од слободен удар во 10-тата минута, но на голот му кумуваше и Игор Акинфеев. Потоа во 22-тата минута погоди и Диего Лаксалт. Топката се одби од Черишев во одбраната и го измами голманот Акинфеев.