Мајката на Роналдо: Не сакав син ми да се врати во Манчестер

Мајката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, Долорес, ги негираше тврдењата дека сакала нејзиниот син да се пресели во својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.

Долорес изјави дека никогаш не кажала дека сака да се врати во Кристијано, како и дека е премногу задоволна од неговиот нов трансфер.

Португалската суперѕвезда замина од Реал по девет години, а како своја следна дестинација го избра Торино и тамошниот клуб Јувентус.

„Не е вистина дека сакав да се врати во Манчестер јунајтед, не сакав, тоа е вистината. Многу сум задоволна од неговиот избор и ова е среќен ден за сите нас. Мојот син ќе го направи Јуве уште поголем клуб. Ова е нов предизвик за него. Уживаше во Реал Мадрид, но му беше потребен нов предизвик“, изјави Мариа Доларес Авеиро.