Магична акција на Данска и проектил на Ериксен за 1-0! (ВИДЕО)

Навистина прекрасна акција изградија Данците, кои го пронајдоа Николај Јоргенсен во казнениот простор. Тој на атрактивен начин ја додаде топката до Крисијан Ериксен, кој со проектил ја смести топката во мрежата за водство од 1-0.