Лукас Ернандез размислувал за пензија после тешката повреда на СП!

Еден од најдобрите леви бекови на светот, Лукас Ернандез, францискиот репрезентативец од Баерн Минхен, размислувал за пензија откако тешко се повреди и ги скина лигаментите уште на стартот на Светското првенство во Катар против Австралија (4-1).

Како што објави „Л'Екип', Ернандез многу тешко ја поднел повредата со која за него сезоната е завршена и враќањето на терените се очекува дури на есен идната година, па сериозно размислувал за повлекување од фудбалот.

Наводно неговата мајка успеала да го разубеди пред операцијата, која успешно му беше извршена, па малку расположението му се вратило и се шегувал со соиграчите од француската репрезентација да го чекаат за финалето на СП. Но, Лукас допрва ќе треба да се избори со депресијата после ваквата тешка повреда и долгата пауза што го очекува, како и напорниот и долг рехабилитациски процес.