Лукаку раскина со Мино Рајола, нов менаџер ќе му биде Џеј-Зи!

Најпознатиот фудбалски агент, Мино Рајола, загуби уште еден голем фудбалер. По Хенрих Мхитарјан, од неговите услуги се откажа Ромелу Лукаку. Но тоа не е најголемата вест.

Веста станува уште позвучна кога ќе се додаде дека следен менаџер на Лукаку ќе биде „Рок нејшн спортс“ (Roc Nation Sports). Џеј-Зи веќе работи во САД, со ѕвездите од тамошните НБА, НФЛ, МЛБ и веќе има клиенти како Кевин Дурент, меѓутоа сега решил да го шири бизнисот.

Почнал да се специјализира и за европскиот фудбал, а пред Лукаку за клиент го имал Кевин Принс Боатенг.

Што се однесува до Лукаку, тој се разделува од Рајола откако минатото лето го направи трансферот на кариерата, од Евертон во Манчестер јунајтед, за 75 милиони фунти. Се зборува дека неговите стапки ќе ги следи уште една голема ѕвезда на Јунајтед, Пол Погба.