Лудиот Рој Кин: Жалам само што не му ја искорнав главата кога можев! (ВИДЕО)

Рој Кин е еден од полудите фудбалери кои ја газеле зелената трева, тоа важи за однесувањето на неа, но и надвор од неа. Некогашната легенда на Манчестер јунајтед продолжи со контроверзните манири и откако ја заврши активната кариера и стана тренер, а најновиот гаф е во живо на ИТВ, за време на СП.

Рој Кин бил повикан како аналитичар на ИТВ, за време на натпреварот меѓу Шпанија и Иран. Конекцијата меѓу него и овој меч е тоа што селекторот на Иран, Карлос Кеирош, Португалецот кој му беше асистент-тренер на Сер Алекс Фергусон. Дојде во два наврата на „Олд Трафорд“, еднаш во сезоната 2002/03, а потоа подолго, од 2004 до 2008 година. 

Токму за овој вториов период, Кин призна дека имале несогласувања со Кеирош и најсмирено кажа дека жал му е што не му ја искорнал главата.

„Одличен тренер, како уште некои други големи тренери со кои сум работел во Манчестер јунајтед. Можеби е малку повеќе дефанзивно ориентиран. Јас секогаш имав пристојна врска со него, особено во неговиот прв период. Во вториот, кога се врати, од некоја причина, кон крајот на моето време во Манчестер имавме несогласувања. Тој се сомневаше во мојата лојалност, јас му кажав каде да оди, но ако за нешто се каам тоа е дека не му ја искорнав главата. Ама важно одличен тренер“, вели Кин.

Ова ќе да е хумор, негова верзија на сарказам, само што кога доаѓа од него, не сте сигурни дали се шегува или е сериозен.