Лудило во МЛС: Паднаа девет гола и пресврт за три минути! (ВИДЕО)

Американската МЛС е далеку од очите на европската фудбалска публика, но често оттаму доаѓаат натпревари, кои вредат да се погледнат, само поради чистото уживање со топката. Таков беше оној меѓу Ред бул Њујорк и Колорадо рапидс, минатата ноќ, кој заврши со 5-4 за гостите.

Ред бул Њујорк важеше за фаворит на оваа средба, не само поради домашниот терен, туку и поради состојбата на табелата, а така и го почна натпреварот, со водство од 2-0. До 9. минута, Иарвуд и Лонг стрелаа за 2-0. Колорадо успеа да искористи една грешка на одбраната и да го постигне својот прв гол, преку Рубио во 21. минута, но седум подоцна Морган ја врати сигурната предност од белата точка.

До крајот на првиот дел Розенбери намали на 3-2 и овој резултат важеше во голем дел и во второто, пред да почне шоуто. Колорадо имаше повеќе од играта и повеќе шанси и во 77. минута Варнер изедначи на 3-3, а веќе во 80. беше 4-3 за Колорадо. Домаќините беа во очигледен шок, па примија и уште еден гол шест минути подоцна, но тој беше поништен со ВАР, поради офсајд.

Како и да е, Колорадо сепак го дочека својот петти гол, преку 18-годишникот од Гвинеја, кого на прекар го викаат Јаја, а се вика Дантума Туре и излезе дека тој гол е потребен, бидејќи Ред бул Њујорк доби пенал во судиското продолжение, кој го реализира Барлоу за конечни 4-5. Њујорчани се четврти во Источната конференција, со позиција која води во плејофот, но Колорадо е надвор од тој круг на Западот, пласиран десетти, со пет бода помалку од седмото место, кое носи активна пролет.