Луда авантура на навивачите на Ривер: Ќе патуваат шест дена поради финалето во Копа Либертадорес!

Финалето на кое било натпреварување за кој било навивач запишано во календарот со црвени букви. Среќни се оние кои имаат привилегија да ја бодрат својата екипа во натпревар за големиот трофеј, а таков е случајот со навивачите на Ривер плејт.

Нивниот клуб веќе втора година по ред игра за трофејот во Копа Либертадорес, а годинава нивни противник ќе биде бразилски Фламенго, меч кој ќе се одигра во  Лима (Перу) на 23. ноември, град кој е одалечен 3900 километри од Буенос Аирес.

Ова, се разбира, нема да претставува проблем за целата навивачка армија доколку сите би можеле финансиски да обезбедат авионски билет и хотелско сместување.

Но, некои тоа не можат да си го дозволат, па се решија за неверојатна авантура - да патуваат со автобусите 3.900 километри!

Во превод, ќе изгледа вака: Тие ќе патуваат три дена во една насока, а ќе мора да минат и напорен пат преку Андите. Нивното пристигнување во Лима е планирано да биде наутро на денот на натпреварот. Враќањето ќе биде приказна сама по себе: се планира веднаш по натпреварот, поточно по церемонијата на прогласување шампиони и доделувањето на пехарот.

Значи, сите љубители на Ривер кои се дел од овој караван ќе поминат шест дена во автобусот само за да бидат на лице место и да навиваат за својот клуб!

Автобусите инаку ги обезбедува Ривер плејт, превозник чии услуги ги користи аргентинскиот гигант, а засега не се знае колку возила ќе одат на долг пат од Буенос Аирес до Лима.

Инаку, од оваа сезона во финалето се игра само еден натпревар.