Легендата на Челси одби три милиони по сезона од Спартак Москва

Џон Тери нема да ја продолжи фудбалската кариера во Русија, поточно во екипата на Спартак Москва. 

Англичанецот реши да ја одби богатата понуда од три милиони евра по сезона на Русите и тоа најмногу поради семејството. Тери својата одлука ја сподели преку социјалните мрежи и им се заблагодари на московјани за професионализмот и интересот.

„По долго размислување решив да ја одбијам понудата на Спартак Москва. Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на клубот за интересот и да им посакам се најдобро и на неговите навивачи сезонава. Тоа е амбициозен клуб и бев навистина импресиониран од нивната професионалност. Но откако ја оценивме ситуацијата со моето семејство, одлучивме дека не е вистински момент за преселба во моментов. Со среќа Спартак“, напиша Тери.

Дефанзивецот е без клуб откако ја напушти Астон Вила, каде што играше минатата сезона во Чемпионшип лигата. Претходно цела кариера ја мина во дресот на Челси, а преселбата во Спарак за него ќе беше прв интернационален трансфер.