Легендарниот уругвајски селектор на патерици напиша историја со нереален учинок (ВИДЕО)

Оскар Табарез, легендарниот уругвајски селектор, успеа да стигне до неверојатно постигнување, откако на пријателскиот меч меѓу Перу и Уругвај беше единствен човек кој водел некоја репрезентација најмалку 200 пати.

Табарез на двапати го предводеше Уругвај. Првпат од 1988 до 1990 година и вториот пат од 2006 година до денес. Во првиот мандат седеше на кормилото дури на 34 меча, а сега на вториот 166 пати.

Искусниот стратег работеше со вкупно 154 фудбалери во текот на селекторската кариера, а пред да се врати на клупата на селекцијата во вториот мандат, Уругвај избори само еден пласман на Светско првенство од неговото заминување 16 години претходно.

Иако во март го прослави 72. роденден и не може да оди без патерици поради болест, сепак Табарез се очекува тој да биде и на Светското првенство во 2022 година.