Ла Лига му се пожали на Реал Мадрид: Винисиус користи пиратерија!

Бразилецот Винисиус Жуниор поради повреда го пропушти натпреварот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Натпреварот фудбалерот го следеше од својот дом, а несекајќи откри дека го следи на пиратски пренос.

Винисиус објави фотографија како го гледа на натпреварот и на таа фотографија можеше да се види логото на бразилската „ТНТ Спортс“. 

Таквата ситуација предизвика реакција од Ла Лига затоа што правата за пренесување на Лигата на шампионите во Шпанија ги има „Мовистар“ и секога гледање на друг канал не е легално.

„Винисиус на неговиот Инстаграм канал за време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид објави фотографија како го следи натпреварот на „ТНТ Спортс“. Тука станува за пиратерија. Кога во Шпанија некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите, тоа треба да го прави преку „Мовистар“ кој плаќа за да ги пренесува натпреварите во земјата од ова натпреварување“, стои во реакцијата од Ла Лига.