Крвникот Мело стигна до 18 црвени картони, а за последниот – плачеше како мало дете!? (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски репрезентативец Фелипе Мело во последните години има прекар на „најголем крвник“ во фудбалот, поради жестоките, понекогаш непромислени, но неверојатно груби стартови. За својот агресивен фудбал пречесто е исклучуван, а веќе стигна до јубилеен – 18 црвен картон.

И за разлика од многу други, овојпат исклучувањето можеби беше и престрого, зашто Мело не направи некој дивјачки старт. Свесен дека предвреме ќе мора во соблекувална, Бразилецот плачеше како мало дете. Причина е што на цедило ги остави своите соиграчи во клучен меч за Палмеирас против Гремио, кој на крај го доби неговиот тим со 1-0 во четвртфиналето од Купот Либертадорес.

Мело инаку е бивш фудбалер на Интер, Јувентус и Галатасарај.