Крамариќ и Ливаја за пресврт – Хрватска со водство на полувреме (ВИДЕО)

Андреј Крамариќ ја врати Хрватска во мечот со Канада после шокот што „коцкестите“ го доживеаа за 68 секунди од стартот на мечот и водството на Канаѓаните уште на самиот старт, а Марко Ливаја минута пред полувремето донесе комплетен пресврт за светскиот вицепрвак да стигне до водство на полувреме.

Крамариќ реализираше од втората голема шанса на Хрватска, откако Милан Борјан првата му ја одбрани на Марко Ливаја, а на Крамариќ претходно му беше поништен гол од офсајд. Минута пред крајот Ливаја даде гол за водство од 2-1.

Ова е само втор меч на кој двете селекции во мечот даваат по еден гол до полувреме, после тој на Франција и Австралија во првото коло.