Копа Америка се соочува со фијаско – пола стадиони да бидат полупразни?!

Јужноамериканското првенство Копа Америка стартува задутре рано наутро, но два дена до почетокот на првенството во Бразил, домаќинот се соочува со вистинско фијаско поради очајната продажба на влезниците за турнирот.

Според „Асошиедет прес“ продажбата на билети за годинешниот турнир во Јужна Америка толку лошо се продаваат, што организаторот се соочува дека две третини од мечевите ќе се играат буквално пред полупразни трибини. Иако Јужноамериканците важат за фудбалски фанатици, сепак, расположението и побарувачката е под очекуваното.

Како што објавува агенцијата, за воведните два меча на кои не игра домаќинот Боливија – Венецуела и Еквадор – Јапонија, не се продадени ни 65 отсто од билетите, но бразилските медиуми посочуваат дека за вториот дел всушност продадени се само 3.000 влезници. Засега нема официјално дали таа бројка е точна, зашто од бразилската конфедерација не сакале да изнесуваат податоци.

Распродаден засега е само дуелот на Аргентина и Колумбија во дербито од групата во Салвадор, за разлика од останатите мечеви каде продажбата не е на ниво, иако наводно организаторот се пофалил дека досега има продадено 70 отсто од преку еден милион влезници за турнирот, пишува агенцијата. Сепак останува влезниците да се купат во следните 48 часа и во најголем дел од мечевите да има пристојна посета без големи празнини на трибините.

На последниот шампионат во САД просекот на гледачи беше над 46.000