Колумбија остана без селектор: Киерош си замина после ужасот минатиот месец!

Репрезентацијата на Колумбија остана без селектор откако фудбалската федерација на оваа земја спогодбено го раскина договорт со поранешниот португалски селектор Карлос Киерош и едно време десна рака на сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.

Одлуката за селекторската смена на Киерош дојде после ужасните резултати минатиот месец во мундијалските квалификации во Јужна Америка, кога Колумбија загуби на двата меча, прво од Уругвај дома со 0-3, а потоа доживеа срам во Еквадор со поразот со 1-6. После овој ужас и фактот дека имаат само четири бода од четири меча, со пласман на седмото место, раскинувањето на соработката и беше неминовна.

На Мундијалот од Јужна Америка ќе одат првите четири селекции, па сега Колумбија е во потрага за нов кормилар, кој ќе ја врати оваа селекција во трка за мундијалска виза за СП во Катар за две години. Моментно Парагвај и Уругвај кои се на четвртото односно петото место, имаат два бода повеќе од Колумбија.