Колумбија ја одра својата федерација – милионска казна за малверзации со билети!

Фудбалската федерација на Колумбија (ФЦФ) доби жестока казна од 4,3 милиони долари за малверзации со билетите во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија, после двегодишната истрага што ја водеше државната агенција за регулирање на работењето.

Колумбиските државни органи утврдиле федерацијата ги продавала билетите над номиналната цена на истите и дека на некои билети цената била и за 350 отсто повисока од нормалната, а се направила малверзација со околу 40.000 билети за време на квалицикацискиот циклус во Јужна Америка.

Казна добил претседателот на федерацијата Рамон Хесурн, кој патем е и член на Советот на ФИФА, па тој ќе мора да плати 83.000 долари, додека неговиот претходник Луис Бедоја е казнет со 72.000 „зелени банкноти“.

Двоецот е казнет за нерегуларна продажба на влезниците, а ФИФА најавила дека ќе побара дополнителни детали од истрагата, па нема да биде изненадување ако Хесурн се најде пред етичката комисија и се соочи со дополнителна санкција и забрана за вршење на фудбалска дејност.