Кој друг ако не Меси – од 18 метри го скрши бункерот на Мексико (ВИДЕО)

Аргентина не направи шанса цел час, но мало невнимание на Мексико му овозможи на Лионел Меси од 18 метри ја ја скрши дефанзивата на „сомбреросите“ за да донесе водство во пресметката во Катар, која ја одбележа дотогаш лош фудбал и многу „тепање“.

Меси со прекрасен гол по земја од 18 метри успеа да најде начин како да ја затресе мрежата за негов втор на ова СП и да им падне камен од срцето на Аргентинците, кои ако ја задржат предноста се враќаат во трката за осминафинале.