Клубовите залудно се жалеа, ФИФА донесе конечна одлука!

Европските клубови беа против проширувањето на Светското клупско првенство, но тоа сепак ќе се одржува во новиот формат, откако денеска на состанокот на Советот на ФИФА во Мајами се донесе таква одлука.

Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Барселона, ПСЖ и многу други беа против таа идеја, зашто фудбалерите ќе немаат доволно време за одмор, но сепак нивното барање беше одбиено, па од 2021 година ќе настапуваат 24 клубови на Светското клупско првенство.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин беше единствениот кој гласаше против проширувањето на Светското клупско првенство, додека останатите пет кофедерации гласаат за овој предлог.

Првото издание ќе се игра во летото 2021 година, а ќе учествуваат победниците од Лигата на шампиони и Лига Европа во последните четири сезони. Јужна Америка ќе има шест претставници, а Африка, Азија и КОНКАКАФ по три. Доколку некој од тимот за четиригодишниот период повеќе  пати освоил некој турнир, тогаш наместо него ќе настапи наредниот тим со најдобар коефициент.

Победниците од осум групи ќе изборат пласман во четвртфинале, а потоа следуваат натпреварите од полуфиналето и финалето. Евентуалниот распоред на мечови и домаќинот на турнирот ќе бидат одредени дополнително