Клуб од Хаити дојде на меч во Мексико, па еден фудбалер им – исчезна

Арчаи ФК од Хаити дојде на меч со Круз Азул во Мексико, ама остана без еден фудбалер, откако Вилман Ексуме буквално исчезна и му се губи секаква трага.

Животот во Хаити е исклучително тежок, оваа земја тоне во сиромаштија, па многу жители од оваа земја единствениот спас го бараат да избегаат и да си ја најдат среќата во некоја далеку побогата и поразвиена земја, а Вилман тоа и го сторил.

Ја искористил шансата со својот клуб да дојде во Мексико, па за фудбал во моментов баш и не му е галје, колку да се снајде за многу подобар живот и затоа избегал од кампот и исчезнал.

Според некои информации од Мексико, овој фудбалер имал роднини во оваа земја, па затоа и се решил да исчезне и да не се врати потоа на Хаити. Инаку Арчаи загуби со 0-8 од мексиканскиот Круз Азул во КОНКАКАФ Лигата на шампионите.