Класата е вечна: Роберто Карлос направи потег со петица кој остава без зборови (ВИДЕО)

Бразилската легенда Роберто Карлос одамна е во фудбалска пензија, ама магијата во нозете сѐ уште ја има и ја демонстрираше на хуманитарен меч на легендите, Англија против остатокот од светот (2-2).

Легендата на Реал Мадрид, познат по топовскиот удар со својата лева нога, сега покажа дека класата е вечна откако со пета така мајсторски го проигра Роберт Пирес, што сите ги остави без зборови.

За многумина потегот е – најдоброто додавање во историјата.