Ќе дојде ли до промена на плановите: Прв случај на заразен фудбалер во Русија

Напаѓачот на Локомотив од Москва, Џеферсон Фарфан, е позитивен на Ковид-19,  а со тоа 35-годишниот Перуанец стана првиот фудбалер во руската Премиер лига кој е заразен со коронавирус.

Според новинарот Иван Карпов, на Фарфан му била дијагностицирана инфекција на 15 мај, а фудбалерот има пневмонија. Тој е во изолација од 22 март.

Повеќе од 6.6 милиони тестови за коронавирус се извршени во Русија, откриени се 272.043 случаи на заразеин, а досега починаа 2.547 лица.

Русите планираат да продолжат да се натпреваруваат на крајот на месецот, па останува да се види дали првиот случај на Ковид-19 кај играч ќе ги промени плановите.