Ќе бидат страв и трепет: И капитенот на Бешикташ сака да игра за Косово!?

По одличните настапи на Косово, голем број фудбалери сакаат да го облечат нивниот дрес. Претседателот на фудбалскиот сојуз на нашиот сосед, Агим Адеми призна дека Елвис Рехбечај од Волфсбург и Кемал Адеми од Базел ќе заиграат во нивниот дрес.

Сега, наводно, истата желба ја покажал и Неџип Ујсал, капитенот на Бешикташ, кој има потекло од Косово, па нема сомнеж дека ќе биде големо засилување за репрезентацијата.

Пред три години Ујсал му се јавил на поранешниот косовски селектор Алберт Буњаку, но од некоја причина тогаш не заигра за репрезентацијата, па сега е подготвен конечно да го облече дресот на косово.