Кинески фудбалер добил ужасна порака од противникот: Ми рече да умрам од коронавирус!

Во Милано, за време на натпреварот во кадетските категории (за дечиња родени во 2006 година), се случил ужасен инцидент.

Сесано Босконте Идостар играше против Аусонија, а играч од домашниот тим кој има потекло од Кина, Франческо Лин, откри дека добил ужасни навреди од противничкиот тим.

Во текот на целото време додека играв фудбал, никогаш не сум имал навреди на  расна основа. Ова е 2020 година и сè уште има луѓе што навредуваат кинези, црнци... Но, она што не можам да го проголтам е фактот дека еден од противничките играчи ми рече: „Се надевам дека ќе умреш од вирусот корона“. После тоа го напуштив теренот со солзи на очите. Им се извинувам на моите соиграчи што ги оставив, напиша младиот фудбалер.

Инаку, вирусот корона е смртоносен вирус кој зарази неколку илјади луѓе во Кина, а од него засега починаа 56 лица.