Кинеска фудбалска легенда ја избришаа како да не постои поради - критики кон власта!?

Една од најголемите кинески фудбалски легенди, Хао Хаидонг ја доживеа судбината на турскиот великан Хакан Шукур, откако државата го избриша како да не постои 41-годишниот фудбалер во најмногубројната земја на светот поради – критики кон власта.

Ако се сеќавате, Шукур повеќе не постои во историјата на турскиот фудбал, како човек кој го водеше Галатасарај до трофеј во Купот на УЕФА, а Турција до бронза на СП во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година. Причина е што бил во движењето на Фетула Ѓулен, кој се обиде со воен удар да го сруши од власт актуелниот претседател на државата Таип Реџеп Ердоган.

Хаидонг јавно ја критикувал власта за тоталитарниот режим. Тоа не го направил сам, туку со својата сопруга Је Жаојинг, која е поранешна светска шампионка во бадминтон.

Хао ја критикувал власта за нарушување на човековите права, за корупција која го урива спортскиот дух во професионалниот спорт во земјата. Поради ваквите зборови, прекуноќ неговиот идентитет исчезна од секате во земјата. Името Хао Хаидонг повеќе не постои, не постои ништо за него како познат фудбалер, ниту интервјуа, ниту видеа, голови, вести, коментари... Засега е нејасно само дали ќе се соочи и со прогон од државата.

Инаку тој со 107 настапи и 41 гол е една од најголемите легенди и херој на нацијата. Член е на организацијата на „свиркачи“ која ја финансира милијардерот Гуо Венгуи и која за цел има да го урне комунистичкиот режим, а бара да се формира република која ќе се темели на слобода и демократија.