Кикс на Де Хеа и подарок реми на Швајцарија (ВИДЕО)

Шпанија и Швајцарија одиграа реми 1-1 во Вилјареал на пријателски натпревар во пресрет на Светското првенство во Русија. 

„Фуријата“ поведе во 29-тата минута со прекрасниот гол на Алваро Одриозола. Гостинот успеа да го израмни резултатот на 1-1 во 62-та минута, откако Стефан Лихштајнер центрираше од левата страна, а Давид де Хеа киксна и му дозволи на Рикардо Родргигез да погоди во голот.