Катар би можел да остане без СП 2022, познат е главниот фаворит за нивна замена!?

Утринава беше упасен поранешниот прв човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини и тоа поради сомнеж дека му помогнал на Катар да ја добие организацијата на Светското првенство во 2022 година.

Веднаш се појавија и шпекулации за организацијата на Мундијалот, односно дали Катар ќе остане без домаќинство.

Откако Катар ја доби организацијата, голем број контроверзи се поврзуваат со тоа, а апсењето на Платини е „шлаг на тортата“.

„Дејли Стар“ пишува дека доколку му биде одземено домаќинството на Катар, тогаш главен кандидат да ја замени таа држава ќе биде Англија.

„Доколку се бара нов организатор за Мундијалот во 2022, Англија е еден од главните фаворити за домаќинството, зашто таа е земја, која е во состојба за кратко време да го организира натпреварувањето поради добрата инфраструктура“, пишува медиумот.