Катар бара - ФИФА одобрува: Почетокот на СП ќе биде поместен за еден ден?!

Наместо на 21 неомври, како што беше планирано, Светското фудбалско првенство во Катар можно е да почне ден порано, открива „Атлетик“.

Нводно, организаторите од Катар сакале домашната репрезентација да го отвори Мундијалот, а не да почне со натпреварот Сенегал - Холандија, како што важи на актуелната, прифатена агенда. Според неа, на првиот ден, на 21 ноември, Холанѓаните и Сенегалците ќе ги отворат натпреварите во 13 часот (сите во локално време), од 16 треба да играат Англија - Иран, а од 19 е предвиден мечот Катар - Еквадор (до крајот на денот треба да играат уште САД - Велс).

Е сега, шеиците посакале Светското првенство да почне со нивниот меч, па поднеле барање до ФИФА да биде поместен стартот за еден ден. Катар и Еквадор да го задржат терминот од 19 часот, но да играат на 20 ноември, а потоа на 21 да продолжи планираната програма, која би финиширала со дуелот САД - Велс. 

Сега требало извршниот одбор на ФИФА да го прифати и одобри ова барање, но според „Атлетик“, тоа било само формалност. За волја на вистината, Светските првенства почнуваат со натпреварот на домаќинот од 2006 наваму. Претходно отвораше актуелниот бранител на пехарот.