Каталонската репрезентација ќе има ѕвезди, но што ќе остане од Шпанија? (ФОТО)

Каталонија денеска прогласи независност и тоа веднаш крена многу прашалници за иднината на спортот во покраината и во цела Шпанија. Едно од сценаријата е каталонската фудбалска репрезентација да си функционира независно од моќната шпанска фурија.

И додека беше поочигледно да се извадат ѕвездите со каталонска крв од репрезентацијата на Шпанија, за да се состави потенцијалната селекција на Каталонија, што ќе се случува со националниот тим на Шпанија и што ќе остане од него?

Иако ослабена, нема да ѝ недостасуваат ѕвезди. На голот би бил Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед), пред него одбраната, во 4-3-3 формација би ја сочинувале Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Иниго Мартинес (Реал Сосиедад) и Начо Монреал (Арсенал).

Средината на теренот би ја „држеле“ Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Андер Ерера (Манчестер јунајтед) и Иско (Реал Мадрид), додека во нападот би биле Саул Нигес (Атлетико Мадрид), Давид Силва (Манчестер сити) и Алваро Мората (Челси).