Јапонската Џеј-лига одложена поради коронавирусот

Епидемијата од Коронавирусот сериозно влијае на сите делови од животот па така и на спортот. Во Италија ќе се играат фудбалски натпревари пред празни трибина, а во Јапонија лигата е целосно одложена. 

Во оваа земја нема да се игра фудбалер барем до 15 март поради опасност од коронавирусот. Јапонците не сакаат да ризикуваат проширување на болеста низ земјата, па затоа ги одложуваат фудбалски натпревари, кои се исклучително добро посетени од навивачите.

Досега од коронавирусот во светот починаа 2.500 луѓе.