Јапонија и Сенегал денеска одиграа реми 2-2 во рамки на групата Х на Светското првенство. 

Навивачите на двете репрезентации повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако по натпреварот наместо да слават со алкохол тие решија да ги чистат трибините на стадионот во Екатеринбург. 

Навивачите на овие две репрезентации го направија истото и по натпреварите во првото коло, кога Јапонија играше против Колумбија, а Сенегал против Посла.