Италија ќе игра во дресови посветени на Давиде Астори

Фудбалскиот сојуз на Италија во моментов се обидува да договори уште еден пријателски натпревар.

Се очекува од италијанските репрезентативци да се појават во дресови посветени на починатиот Давиде Астори во пријателските средби против Аргентина и Англија.

Според италијанските медиуми, „Аѕурите“ би можеле да се појават во дресови посветени на италијанскиот фудбалер и третпат, доколку фудбалскиот сојуз успее да договори средба во негова чест.