Историски момент: Светска и олимписка шампионка ќе игра американски фудбал!?

Делува чудно, но во американскиот фудбал, кој е типичен машки спорт можно е да заигра и една жена. И тоа не било која, туку една од најдобрите фудбалерки на светот – Карли Лојд, двојна светска и олимписка шампионска со селекцијата на САД.

Лојд има 37 години и изјави дека сака да го смени спортот, сооглед дека во вистинскиот фудбал веќе дојде до граниза за пензија, па во НФЛ може да истурка уште некоја година како – кикер.

„Сакам тоа да го пробам. Сакам да ја ставам кацигата, да ги ставам перничињата и да шутирам од два чекори“, вели Лојд.

Таа пред две години имаше низа тренинзи со Филаделфија Иглс, а интересно е што идејата за таа да влезе во НФЛ е на извршниот директор на куќата на славни во овој спорт, Џил Брант.