
Исак шокира - место во Ливерпул, сака во Саудиска Арабија
Ливерпул веќе го договори Уго Екитике од Ајнтрахт, а Исак и покрај можноста да остане да игра во Лигата на шампионите, по се изгледа ќе се пресели во Саудиска Арабија. Како што тврдат медиумите во Англија, тој дал дозвола за преговори со тамошните клубови.
Најзаинтересиран за него е Ал Хилал кој е подготвен да плати 120 милиони евра отштета. Таквиот развој на настаните не е неповолен ни за Њукасл кој добро ќе заработи на својот фудбалер.