Иранците го селат кампот на репрезентацијата - од САД во Мексико!
Иранците ќе престојуваат во Мексико, а само за натпреварите ќе патуваат во САД.
„Сите бази на репрезентациите кои учествуваат на Светското првенство мора да бидат одобрени од ФИФА: За среќа по барањата кои ги поднесовме и состаноците во Истанбул со ФИФА, нашите барања за промена на кампот на репрезентацијата од САД во Мексико се прифатени“, велат од селекцијата на Иран.
„Ќе бидеме сместени во камп во Тихуана кој се наоѓа во близина на Тихиот океан на границата меѓу Мексико и САД“.
Иран првите два натпревари ќе ги игра во Лос Анџелес против Нов Зеланд и Белгија, а третата во Сиетл, тоа е меч против Египет.