Интер Мајами нема да биде последен: Меси ќе ја заврши кариерата во клуб од татковината

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси не планира да ја заврши кариерата во својот сегашен клуб, ексклузивно објави каталонскиот весник Ел Насионал.

Според изданието, аргентинскиот ас во пензија ќе замине од Њуел Олд Бојс што беше негова дамнешна желба. Таму почна да се занимава со фудбал, пред да замине во Барселона и постојано зборувашше дека би сакал еден ден да се врати во него.

Ако навистина се случи ова, тогаш може да се очекува за максимум две години, можеби по Светското првенство во 2026. Меси веќе има 37 години и се наоѓа на залез на кариерата, а најави дека би сакал да настапи на претстојниот Мундијал со што би се простил и од репрезентацијата на Аргентина.