Инсиње го постигна првиот гол во МЛС - вистинска бомба! (ВИДЕО)

Италијанскиот репрезентативец и доскорешен соиграч на Елиф Елмас во Наполи, Лоренцо Инсиње ја отвори својата сметка во северноамерикаснкиот фудбал со првиот погодок.

Во 77. минута од натпреварот Нешвил - Торонто, гостите водеа со 3-2, кога Инсиње мина двајца домашни фудбалери и упати нему својствен удар од лево, откосо и постигна прекрасен гол. Подоцна се покажа дека е победнички, бидејќи Нешвил намали и ги постави конечните 3-4 за Торонто.

Ова беше прв погодок за Инсиње откако дојде во канадскиот вицешампион, во четвртиот натпревар. Три од нив се во МЛС-лигата, а едниот беше пресметката со Ванкувер за канадската титула, која Торонто не успеа да ја добие.