Ињаки Вилијамс го расплака Фенербахче среде Истанбул! (ВИДЕО)

Екипата на Атлетик Билбао продолжи со одличните настапи и резултати во Лигата на Европа откако денеска славеше на гости кај Фенербахче (0-2)  и барем до утрешните натпревари ќе остане на врвот на табелата.

Херој во денешниот натпревар за Баскијците беше Ињаки Вилијамс кој постигна два гола, додека на спротивната страна лошо издние имаше Ајкадин кој беше виновник за првиот гол, па тренерот на гостите го замени на полувреме.

Атлетик го отвори резултатот уште во петтата минута, а конечните 0-2 беа поставени во финишот од првиот дел.

Во вториот дел задачата на турскиот гигант стана уште потешка откако исклучување заработи Мулдур.

Мотивација за Баскијците оваа сезона во Лига Европа сигурно е и тоа што финалето се игра на нивниот „Сан Мамес“.