Инфантино по епидемијата со коронавирус: Фудбал без гледачи на долг рок нема поента!

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино призна денеска дека после епидемијата на коронавирусот која се прошири од Кина во Европа, а и низ светот дека играњето фудбал без гледачи на долг рок е голем ужас и дека сето тоа прави сериозни проблеми за нормално функционирање на најважната споредна работа на светот.

Во Италија втор викенд по ред ќе се играат мечеви без публика, а и во Македонија сите фудбалски мечеви ќе бидат пред празни трибини, додека Швајцарија отиде најдалеку па ги одложи сите мечеви предвидени за овој викенд.

„Краткорочно, ова со играње пред празни трибини може да биде решение, ама на долг рок тоаа не е одржливо, туку е голем ужас. Не може да се замисли дека е можно фудбал со месеци да се игра без публика. Но, секој организатор мора да реши што е најдобро“, вели Инфантино.