„Играв одлично, дадов 26 гола, а клубот ми ги донесе Бензема и Кака!

Гонзало Игуаин во 2007 година направи огромен трансфер, кога дресот на Ривер Плејт го замени со тој на Реал Мадрид, по што имаше фантастична дебитантска сезона под водство на Фабио Капело.

Аргентинецот постигна 26 голови, но тоа не беше доволно управата на „кралевите“ да има доверба во неговиот квалитет, со оглед што следното лето му донела голема конкуренција во нападот.

„Капело ми даде шанса да играм и во првата сезона како првотимец дадов 26 гола, а Кристијано Роналдо таа година даде само еден повеќе од мене. Но и покрај мојата форма, Реал Мадрид следното лето ги доведе Бензема и Кака, а јас си помислив: 'Невозможно, па колку голови треба да постигнам?'. Јас давав голови, а клубот ми донесе огромна конкуренција“, изјави аргентинскиот ас.

Игуаун во дресот на Реал Мадрид одигра 264 натпревари и постигна 121 погодок, па во 2013 година за сума од 40 милиони евра прејде во Наполи.