Игита откри: Ме малтретираа да го предадам Пабло Ескобар, ама јас не сум – кодош!

Еден од најконтроверзните ликови во светскиот фудбал, Рене Игита, ексцентричниот колумбиски голман откри првпат дека преживувам вистинска тортура од колумбиските власти за да го предаде неговиот пријател и „крал на кокаинот“, Пабло Ескобар, кој подоцна во 1993 година беше убиен во Меделин.

Ескобар беше голем љубител на фудбалот и процветот на колумбискиот фудбал се врзуваше токму со него, а речиси да немаше колумбиски репрезентативец во тоа време од Игита преку Валдерама, па сè до Асприлја, кои не беа во блиски односи со најголемиот и во тоа време најбаран трговец со дрога.

Игита сега открива дека властите му вршеле тортура за да го предаде Ескобар, ама тој ги одбил сите понуди, а не се исплашил од заканите што му ги упатувале.

„Властите во Колумбија ме тормозеа да го предадам Пабло Ескобар. Ми се закануваа со сè и сешто, дека ќе ме затворат, дека... А, тие знаеа дека јас сум невин, дека немаат ништо против мене. Сметаа дека сум пријател со Пабло и точно е јас имав контакти со него, но не бев јас дилер на дрога затоа што го познавам. Јас не сум кодош, а во сите акции што ги спроведуваа против Пабло, сите тие беа со притисоци врз негови познаници за да го предадат и за да го фатат. Мене ме тормозеа, ама јас им реков прво дека ништо не знам, а второ и да знам – нема да им кажам! Јас на Ескобар засекогаш ќе му бидам благодарен, зашто тој ги осветли сите фудбалски терени кога ниој ниту сакаше, ниту имаше намера да го направи тоа. Можеби ова на некој ќе му се допадне, на некој не, ама тоа е вистината“, вели Игита.

Тој моментно е тренер на голмани во Атлетико Национал.