Ибрахимовиќ се фати за меѓуножјето и се „отпиша“ од МЛС-лигата (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Лос Анџелес галакси утринава беа елиминирани од градскиот ривал Лос Анџелс ФЦ со 5-3 во полуфиналето на МЛС Купот.

Швеѓанецот можеби го одигра последниот натпревар за Галакси, бидејќи неговиот договор истекува во декември, а тимот повеќе нема натпревари сезонава по елиминацијата. Исфрустриран од поразот, еден навивач го провоцираше од трибините, па Ибрахимовиќ не му остана должен.

Се фати за меѓуножјето и можеби на ваков непристоен начин се отпиша од МЛС-лигата. 

Ибрахимовиќ е поврзуван со кам-бек во Европа, поточно во италијанската Серија А, каде многу клубови би сакале да го видат во своите редови.