И тоа го има: Соиграчи се степаа среде меч, а противниците ги двоеа (ВИДЕО)

Соиграчи од поранешниот француски прволигаш Оксер се степаа среде меч, па судијата за да ги „олади“ предвреме ги испрати во соблекувалната, по што овој клуб доживеа дебакл со 1-4 на гостувањето кај Кевели Руен во Втората лига на Франција.

Вообичаено тепачка има помеѓу ривали, но и вакво нешто може да се види на фудбалските терени. Нејасно е зошто Пјер Ив Поломат и Микаел Барето се степаа на средина на теренот, а откако разменија по некој удар, се стрчаа противниците, како и соиграчите за да ги раздвојат и да го прекинат – „бокс мечот“

Инцидентот се случи на десет минути пред крајот кога Кевели имаше предност од 3-1, иако гостите први поведоа. До крајо бројчаната предност Кевели ја искористи за да даде само уште еден гол, иако можеше да им нанесе вистински дебакл на противниците.