Хулигани ли се, фудбалери ли се? Општа тепачка на руското дерби Зенит – Спартак (ВИДЕО)

Зенит од Санкт Петербург и Спартак Москва се два најлути ривали во Русија, чии навивачи екстремно се мразат, ама очигледно омразата е и кај фудбалерите, кои денеска на руското дерби се испотепаа како да се – хулигани во копачки.

Општа тепачка се случи на теренот, откако буквално сите сосе стручни штабови влегоа во клинч, летаа тупаници, клоци, па и кунг-фу удари, а судијата на почеток тргна да ги раздвојува, па трчаше со црвениот терен, ама се сѐ разгоре уште повеќе и не можеше да ги додржи сите.