Хрватска со помош на среќата триумфираше против Нигерија (ВИДЕО)

Хрватска на најдобар можен начин го отвори Светското првенство во Русија, откако со 2-0 ја победи репрезентацијата на Нигерија.

Иако не беа толку убедливи, колку што се очекуваше од нив, сепак први стигнаа до водство во 32. минута, откако по една мешаница во казнениот простор на Нигерија, Огенерако Етебо ја испрати топката во својата мрежа.

Двете селекции имаа во продолжението шанси да го загрозат противничкиот гол, но само четири удари вкупно завршија во рамките на голот.

Лука Модриќ ги постави конечните 2-0 во 72. минута, откако успеа да реализира пенал и со тоа донесе три бода за Хрватска, која во моментов е прва на табелата во група Д, а по еден бод имаат Исланд и Аргентина.