Хрватите одлучија дали Калиниќ да добие медал!

Хрватска се стопи од емоции славејќи го успехот на фудбалските репрезентативци, но не како Французите, на пример, на 23, туку на 22 од нив. Натрапникот е Никола Калиниќ.

Приказната за несреќниот „дисидент“, за среќа, ја засени пласманот во финалето и освоеното сребро, но кога веќе дојде до делењето медали лесно се појави прашањето - ќе добие ли и Калиниќ. Од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) бргу се растоварија од должноста и рекоа дека фудбалерите се тие кои ќе решат. Вечерва, во емисија на ХТВ, портпаролот на ХНС, Томислав Пачак, откри што е решено со протераниот.

„Протеран е малку пресилен збор, тој е со одлука на селекторот оддалечен од составот и тоа на крај, очигледно, се покажа како добар потег. Што се однесува до медалот, она што јас го знам е дека Никола Калиниќ, со одлука на играчите и на стручниот штаб ќе го добие својот медал“, изјави Пачак.

Калиниќ беше отстранет од репрезентацијата по натпреварот со Нигерија, прв за Хрватска на шампионатот, затоа што одби да влезе во последните минути од мечот.