Најпрво се појави можниот дизајн на тренерките за хрватската фудбалска репрезентација за Евро 2020, а неколку дена подоцна се појави и дизајнот на дресот, а на социјалните мрежи веќе беа објавени и фотографии на кои може да се забележи дека дресот е изработен.

Ништо не е официјално потврдено од Хрватскиот фудбалски сојуз, но факт е дека се појави дрес на првата гарнитура на дресови на „коцкестите“.

Да потсетиме, во октомври се појави предлог на изгледот на дресот, но тогаш од Хрватска беше демантирано. Сепак, „Фути хедлајнс“ ретко греши со дресовите, па останува да видиме дали ќе биде токму тој дресот, кој ќе го носат Хрватите на Евро 2020.

На верзијата која се појави во понеделникот остануваат препознатливите црвено-бели коцки, но во комбинацијата се поставени и коцки кои изгледаат како баркод.

Дресот е изработен од дизајнер со корисничко име „Коринт“, а тој испирација најде во дизајност на тренерките, кои се појавија неколку дена претходно.

Сепак, во анкетата која беше направена во хрватските медиуми, речиси половина од луѓето сметаа дека ваквиот изглед е катастрофален, а само помалку од третина дале позитивни оцени.