Хет-трик на Меси со кој го престигна легендарниот Пеле (ВИДЕО)

Лионел Меси ги постигна сите три гола за Аргентина во победата од 3-0 против Боливија во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. 

Фудбалерот на ПСЖ блескаше пред домашната публика во Буенос Аирес на стадионот „Монументал“. Првито гол го постигна во 14-тата минута, а во 64-тата веќе беше 2-0. Точка на победата стави во 88-та минута со што го комплетираше хет-трикот. 

Меси сега има вкупно 79 голови во кариерата и тоа го прави најдобар голгетер во Јужна Америка на интернационално ниво. Зад себе го остави легендарниот Пеле со 77 голови, додека Нејмар е трет со 69 погодоци. 

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО
Парагвај - Венецуела 2-1
Уругвај - Еквадор 1-0
Колумбија - Чиле 3-1
Бразил - Перу 2-0